Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Карло Анчелоти е подготвен на клупата на Баерн Минхен да го замени Пеп Гвардиола, пренесуваат денес шпанските медиуми.
„Марка“ пишува дека Анчелоти минатата недела постигнал договор со Баварците.
Шпанските медиуми објавија дека Гвардиола на крајот од сезоната ќе го напушти Баерн бидејќи не сака да потпише нов договор, поради суштински разлики меѓу него и замислите на клубот.


