Анџелина Џоли се онесвестила на снимање

Популарната актерка Анџелина Џоли во моментов го снима филмот „Unbroken“ во Австралија, но поради исцрпеноста и нередовната исхрана во еден момент таа се онесвестила и паднала на земја. Нејзините колеги помислеле дека е мртва, затоа што како што велат била многу бледа и тешко дишела.

– Таа само падна на земја, а сите помисливме дека е мртва. Половина од денот работи, во другата половина се грижи за децата. Тежи само 42 килограми. Многу лесно би можела да добие срцев удар и да почине – изјавил еден од очевидците.

На почетокот на оваа година, Анџелина почна драстично да ја губи својата тежина за да на крајот од неа се претвори во коска и кожа.

Најнови вести

Најново од Магазин, Топ Вести

Најчитани вести