Анџело Илиевски прв до светиот крст во Демир Капија 

Во водите на реката Бошава во Демир Капија се одржа чествувањето на големиот христијански празник Богојавление – Водици. Меѓу бројните учесници, Анџело Илиевски го фати светиот крст. Тој доби и подароци. 

– Нека оваа чест му донесе здравје, духовен мир, мудрост, радост и успех, а благословот од денешниот ден да го следи во текот на целата година, му посакаа од Општина Демир Капија. 

Притоа изразија благодарност до сите учесници, верници и граѓани за продолжувањето на вековната традиција, честитајќи го празникот. 

Илиевски посака здравје и среќа, за себе и за сите други луѓе во светот.

Најнови вести

Најново од Македонија