Македонецот Перо Антиќ ги постигна првите поени за Атланата во НБА лигата. Тој во четирите обиди кон противничкиот кош погоди една тројка и еднаш за два поени на ноќешниот дуел со Торонто.
Антиќ запиша и еден дефанзивен скок, имаше и една асистенција и две загубени топки во нецели 12 минути поминати на теренот.
Натпреварот се одигра во „Филипс Арена“ во Атланта а конечниот резултат е 102:95 за домаќините. По четвртини: 25:24; 24:15; 30:29 и 23:27.
Најефикасен кај Атланта беше Ал Хорферд со 22, а во поразениот тим се истакна ДеМар ДеРозан со 31 поен.
Следниот дуел Перо Антиќ и Атланта ќе го имаат ноќта недела кон понеделник против Лос Анџелес Лејкерс на гостински терен.


