Полската тенисерка Агњешка Радванска денеска се пласираше во четвртфиналето на Австралија Опен откако во осминафиналниот меч против Гарбине Мугуруза (Шпанија) победи со 2:0 – по сетови 6:1 и 6:3.
Радванска до нејзиниот петти пласман меѓу осумте најдобри во Мелбурн стигна по еден час и 17 минути игра.
Таа за полуфиналето ќе се бори со Белорусинката Викторија Азаренка која го брани трофејот на овој Грен слем.
Азаренка денеска беше подобра од Слоун Стивенс (САД) со 2:0 – по сетови 6:3 и 6:2.
Во другите tтри четвртфинални мечеви ќе играат: Ана Ивановиќ (Србија) – Ежени Бушар (Канада), На Ли (Кина) – Флавија Пенета (Италија) и Доминика Чибукова (Словачка) – Симона Халеп (Романија).
Наградниот фонд на турнирот во Мелбурн е 33 милиони австралиски долари, а на победничката ќе и припадне сума од 2,6 милиони, како и 2.000 ВТА бодови.
]]>


