Армани со 30 поени разлика го совлада европскиот првак

Тимот на Армани Милано синоќа го победи актуелниот кошаркарски европски шампион Олимпијакос со убедливи 81:51 и со тоа ја прекина серијата на атињаните од 11 победи во низа сезонава во Евролигата или вкупно 14 заедно со трите остварени на крајот од минатата сезона.

Ова беше натпревар од 2.коло во Е групата каде се одигра дербито Фенербахче Улкер – Барселона на кое славеа Шпанците со 76:73. Лестер Бо Мекејлеб беше најкорисниот кошаркар во поразениот тим со индекс на корисност 19. Македонскиот репрезентативец реализира 13 поени, имаше 4 скокови и 3 освоени топки за 26 минути игра.

Два натпревара се одиграа и во Ф групата: Макаби – Локомотив Кубан 85:75 и Баерн Минхен – Партизан 71:65.

Вечерва играат: Е група: Ефес – Уникаха и Лаборал – Панатинаикос. Ф група: ЦСКА Москва – Жалгирис и Реал Мадрид – Галатасарај.

Табела Е група: Барселона 2-0 (победи-порази), Панатинаикос 1-0, Лаборал 1-0, Армани 1-1, Олимијакос 1-1, Уникаха 0-1, Ефес 0-1 и Фенербахче Улкер 0-2.

Тебела Ф група: Баерн Минхен 2-0 (победи-порази), Макаби 2-0, Реал Мадрид 1-0, ЦСКА Москва 1-0, Галатасарај 0-1, Жалгирис 0-1, Локомотив Кубан 0-2 и Партизан 0-2.

]]>

Најчитани вести