Види ти, која и каква претседателска аргументација! Школски пример на велепредавство да ти било убиство на уставот од милосрдие?! Арно запишал Цицерон:” Една нација може да ги преживее штетите и на своите будали и на своите болно амбициозни, но тоа што не може да преживее се предавниците одвнатре. Надворешниот непријател е помалку страшен оти отворено го носи знамето на непријателство, додека предавникот ти се шета по дома, по улиците, дури и во највисоките институции на власта. Тој го збори истиот твој јазик, го има истиот познат лик, и аргументира на начин кој ти е близок и познат на срцето и умот. Ја труе душата на нацијата, делува во темнината на ноќта, тајно, се додека нејзиното политичко тело не може веќе да дава отпор, и изгние. Тој е пострашен од секој убиец.”
Фејсбук статус на Каролина Ристова Астеруд


