Ароганцијата, надменоста и злото од Вашингтон поставуваат основа за војна

Во некои кругови јавното мислење се совпаѓа со Стивен Лендман, Михаил Косудовски, Рик Розоф, мене со и неколку други, сфаќајќи ја опасноста од кризата која Вашингтон ја создаде во Украина.

Политичарите марионети кои Вашингтон имаат намера да ги постави на власт во Украина ја загубија контролата врз организираните и вооружени неонацисти, кои напаѓаат Евреи, Руси, и ги навредуваат украинските политичари. Владата на Крим, руската провинција која Хрушчов и ја предаде на Украинската Советска Република во 50-ите, не ја признава нелеганата влада која нелегално ја презеа власта во Киев и побара руска заштита. Украинските воени сили на Крим и припаднаа на Русија. Руската влада најави дека исто така ќе ги заштити и поранешните руски провинции во источна Украина.

Како што истакна Александар Солжењицин, беше глупост тоа што Комунистичката партија на Советскиот Сојуз и ги предаде историските провинции на Русија на Украина. Во тоа време за советското раководство тоа изгледаше како добра идеја. Украина беше дел од Советскиот Сојуз и беше управувана од Русија уште од 18-иот век. Додавањето на руска територија кон Украина имаше за цел да се збришат нацистичките елементи во западна Украина, кои се бореа за Хитлер за време на Втората светска војна. Можеби друг фактор во проширувањето на Украина беше украинското потекло на Хрушчов.

За жал, сето тоа не влијаеше се додека Советскиот Сојуз и поранешната руска империја не се распаднаа. Под притисок од Вашингтон, Украина стана посебна држава која ги задржа руските провинции, но Русија ја задржа поморската воена база на Крим на Црното Море.

Вашингтон се обиде, но не успеа да ја одземе Украина со „портокаловата револуција“ која беше финансирана од Вашингтон. Според помошник државниот секретар на САД, Викторија Нуланд, од неуспехот на револуцијата до денес Вашингтон „финансирале“ пет милијарди долари во Украина, со цел за агитирање за членство на Украина во ЕУ. ЕУ членството ќе ја отвореше Украина за грабежи од западни банкари и корпорации, но главната цел на Вашингтон е да постави американски ракетни бази на границата на Украина со Русија, и да ја намали важноста на Русија со нејзината поморска база на Црното Море и на воените индустрии во источна Украина. Членството во ЕУ за Украина значи и членство во НАТО.

Вашингтон сака ракетни бази во Украина со цел да го намали руското нуклеарно влијание, а со тоа да ја намали руската способност да се спротивстави на американската хегемонија. Само три земји застанаа на патот на хегемонијата на Вашингтон во светот: Русија, Кина и Иран.

Иран е опкружен со американски воени бази, а на нејзиниот брег е американската флота. „Оската на Азија“ најавена од кон војните настрениот режим на Обама, со воздушните и морските бази чука и на границите на Кина. Вашингтон ја опколи Русија со американски ракети и со Нато бази. Коримпираните влади на Полска и Чешка беа платени за да прифатат американски ракети, со што полските и чешките марионетски држави станаа примарни цели при нуклеарни напади. Вашингтон ја купи и поранешната руска и советска провинција Грузија, родното место на Сталин, а во тек е процес да ја вклучи и оваа марионета во НАТО.

Западните европски марионети на Вашингтон се преалчни за парите на Вашингтон, за да го прифатат фактот дека овие многу провокативни и многу ризични потези се директна стратегија за закана врз Русија. Ставот на европските влади изгледа е: „После мене, потоп“.

Русија толку години беше бавна во реакциите по провокациите од Вашингтон, со надеж дека на западот ќе се појави некој знак на добар разум и добра воља. Всушност, Русија доживеа се поголема демонизација од Вашингтон и од европските престолнини, и од отровите од устите со злобното омаловажување од западните медиумски проститутки. На мнозинството Американци и Европејци им се испрани мозоците за да не го видат проблемот кој Вашингтон го мати и предизвикува Украина да биде грешка на Русија. На Нешенел паблик рејдио слушнав една проститутка од Њу Рипаблик кој го наведе Путин како проблем.

Игноранцијата, отсуство на интегритет и недостигот од независност кај американските медиуми се повеќе ја поставуваат основата за војна. Сликата која ја исцртуваат за невините американци е сосема лажна. Било кој добро информиран човек би прснал од смеење кога американскиот државен секретар Џон Кери ја обвини Русија за “инвазија врз Украина“ и „кршење на меѓународното право“. Кери е министер за надворешни работи на земја која нелегално изврши инвазија врз Ирак, Авганистан, Сомалија, организираше преврат на владата во Либија, се обиде да ја смени владата во Сирија, напаѓа цивили во Пакистан и Јемен со дронови и проектили, постојано му се заканува на Иран со напад, ја нас`ска армијата на Грузија обучувана од американци и израелци против руското населние во Јужна Осетија, а сега и се заканува на Русија со санкции затоа што застана во одбрана на русите и руските стратешки интереси. Руската влада забележа дека Кери ја подигна хипокризијата на ново ниво.

Кери нема одговор на прашањето: „Од кога владата на САД изворно си го припишува и го брани концептот на сувереност и територијален интегритет?“

Кери, како што е секогаш случајот, лаже штом ќе зине. Русија не изврши инвазија врз Украина. Русија испрати малку трупи да им се придружат на тие во базата на Црното Море, во пресрет на насилните антируски изјави и акции кои се диригирани од Киев. Додека украински војниците пребегуваат од Крим кон Русија, дополнителни руски трупи и не е неопходни.

Глупавиот Кери, кој се гуши во својата ароганција, надменост и зло, изрече директна закана кон Русија. Рускиот министер за надворешни работи ги одби заканите на Кери како „неприфатливи“. Ова е поставка за војна.

Внимавајте на апсурдноста на ситуацијата.. Киев е заземен од ултранационалисти неонацисти. Банда од ултранационалистички криминалци е последното нешто кое Европската Унија го посакува или им треба од некоја земја членка. ЕУ е централизирана сила и ја потиснува сувереноста на земјите членки. Забележете ја сличноста на неоконзервативниот режим на Обама со антисемитските неонацисти. Неоконзервативната клика која доминира со владата на САД уште од режимот на Клинон, е воглавно еврејска, а мнозина д нив се граѓани и на САД и на Израел. Еврејскиот неоконзервативец, помошникот државен секретар, Викторија Нуланд, и советникот за национална безбедност, Сузан Рајс, ја загубија контролата со превратот од неонацистите, кои сега повикуваат на „смрт за Евреите“.

Израелскиот дневен весник Хаарец на 24 февруари објави дека украинскиот рабин Моше Реувен Азман, им препорачал на „киевските Евреи да го напуштат градот, па дури и земјата“. Едвард Долински, шеф на чадор организацијата на украинските евреи, ја опиша ситуацијата со евреите во Украина како „опасна“ и побара помош од Израел.

Ова е ситуацијата која Вашингтон ја создаде и брани, а истовремено ја обвинува Русија за задушување на демократијата во Украина. Изборна демократија е она што Украиина го имаше пред Вашингтон да ја смени со преврат,.

Во моментов не постои легитимна украинска влада.

Сите треба да сфатат дека Вашингтон лаже во врска со Украина, како што Вашингтон лажеше за Садам Хусеин и оружјето за масовно уништување во Ирак, како што Вашингтон лажеше за иранското нуклеарно оуржје, како што Вашингтон лажеше за сирискиот претседател Асад дека користел хемиско оружје, како што Вашингтон лажеше за Авганистан, Либија, за шпионирањето на НСА, за тортурите. За што друго се не излажал Вашингтон?

]]>

Најчитани вести