Лондонските ривали Арсенал и Челзи кои по девет одиграни кола во Премиер лигата се на првите две позиции на табелата, вечер од 20 часот и 45 минути ќе се борат за место меѓу осумте најдобри екипи во англискиот Лига куп.
Покрај овој натпревар вечер во истиот термин ќе се играат и дуелите: Бирмингем – Стоук, Барнли – Вест Хем, Лестер – Фулам и Манчестер Јунајтед – Норвич.
За утре закажани се два натпревари во кои, Њукасл ќе биде домаќин на Манчестер Сити, а Тотенхем ќе го пречека Хал.
Последниот осмина-финален натпревар меѓу Сандерленд и Саутемптон ќе се игра на 6 ноември.


