Пратеничката на ДУИ Ермира Мехмети упати тешки зборови против сопартиецот Артан Груби, нарекувајќи го „хулиган и потикнувач на конфликти” и како еден од виновниците за намалување на надлежностите и авторитетот на Али Ахмети, претседателот на ДУИ.
Мехмети веќе извесно време упатува критики за работата на нејзината партија ДУИ, а пред неколку месеци најави дека ќе ја напушти партијата ако не види дека се почнати сериозни реформи.
Во вчерашниот пост на Феjсбук, таа напиша:
„За жал нема ништо од реформите во ДУИ. Тоа е нормално кога корумпирани членови и губитници го уриваат и кредибилитетот на лидерот. За едно нешто немам никакви дилеми, а тоа е дека губењето на авторитетот на Ахмети и на партијата почна кога во структурите на ДУИ високо беше лансиран господинот Селфи, хулиганот кој може само да потикнува конфликти, без разлика дали е тоа на стадион или кога носи наметка на политичар“, напиша на Фејсбук Мехмети.
Дознаваме дека причина за овој пост биле “нарачани“ прилози на Алсат-М против Ермира, зад кои таа смета дека стои шефот на кабинетот на Ахмети, Артан Груби. Последниот “напад“ е кoмпромитирањето дека како пратеник и функционер во ДУИ искористила и пред некој ден положила за нотар.


