Екипата на Атланта на гостински терен го победи Кливленд со 127:125 дури по две продолженија откако во основните 48 минути резултатот беше 95:95, а по првите дополнителни пет минути 108:108. Џеф Тиг со 34 и Ал Хорфорд со 25 постигнати поени беа најзаслужни за победата на Атланта, додека кај Кливленд и воедно на натпреварот најефикасен беше Кајри Ирвинг со 40 поени. Перо Антиќ одигра пет минути од овој натпревар, период во кој успеа да погоди една тројка и да оствари еден скок во битката под обрачите. Со оваа победа Атланта се зацврсти на третата позиција на табелата во Источната конференција.
Едно продолжение се играше и на натпреварот Портланд – Лос Анџелес Клиперс кој заврши со победа на Портланд од 116:112. Резултати на другите два ноќешни натпревари во НБА лигата: Хјустон – Мемфис 100:92 и Далас – Сан Антонио 107:116.
Вечерва се играат девет натпревари: Шарлот – Оклахома, Орландо – Детроит, Бруклин – Милвоки, Њујорк – Торонто, Минесота – Вашингтон, Њу Орлеанс – Денвер, Јута – ЛА Лејкерс, Сакраменто – Мајами и Голден Стејт – Феникс.
Пласман Источна конференција: Индијана 23-5 (победи-порази), Мајами 22-6, Атланта 16-13, Шарлот 14-15, Вашингтон 12-13, Детроит 14-16, Торонто 11-15, Бостон 12-17,…
Пласман Западна конференција: Портланд 24-5, Оклахома Сити 23-5, Сан Антонио 23-7, ЛА Клипрес 20-11, Хјустон 20-11, Феникс 17-10, Далас 16-12, Голден Стејт 17-13,…


