Атланта за која настапува Перо Антиќ ноќеска на домашен терен беше поразена од Бостон, а Македонецот беше скромен со само два постигнати поени (шут 1-8 во поле) и шест скокови за 15 минути поминати на паркетот.
До 10.триумф во серија стигна Портланд кој се радуваше на гостувањето кај Голден Стејт.
Резултати на ноќеска одиграните натпревари во НБА лигата: ЛА Клиперс – Сакраменто 103:102, Индијана – Феникс 106:98, Вашингтон – Њујорк 98:89, Атланта – Бостон 87:94, Мајами – Орландо 101:99, Хјустон – Минесота 112:101, Милвоки – Шарлот 72:96, Сан Антонио – Кливленд 126:96, Денвер –Далас 102:100 и Голден Стејт – Портланд 101:113.
Вечерва играат: Бруклин – Детроит, ЛА Клиперс – Чикаго, Орландо – Феникс и ЛА Лејкерс – Сакраменто.
Табела Источна конеференција: Индијана 12-1 (победи-порази), Мајами 10-3, Атланта 8-6, Чикаго 6-5, Шарлот 7-7, Торонто 6-7,…
Табела Западна конференција: Сан Антонио 12-1, Портланд 12-2, Оклахома Сити 8-3, Далас 9-5, Хјустон 9-5, ЛА Клиперс 9-5, Голден Стејт 8-6,…


