Атланта загуби во „О2 Арена“ и го расипа пласманот на „Истокот“

Еден од трите синоќешни натпревари од НБА лигата се играше на европско тло. Во „О2 Арена“ во Лондон, Атланта, тимот за кој настапува Перо Антиќ, загуби од Бруклин со 127:110 и падна на 4.место во пласманот на Источната конференција.

Македонецот на овој дуел беше стартер и за 23 минути постигна двоцифрен број поени – 11 со само едно промашување од поле, забележа пет скокови и една асистенција.

На другите два натпревара: Индијана – Њујорк 117:89 и Хјустон – Оклахома 92:104.

Вечерва играат: Њујорк – ЛА Клиперс, Орландо – Шарлот, Филаделфија – Мајами, Торонто – Минесота, Вашингтон – Чикаго, Бостон – ЛА Лејкерс, Детроит – Јута, Мемфис – Сакраменто, Сан Антонио – Портланд, Денвер – Кливленд, Феникс – Далас и Оклахома – Голден Стејт.

Пласман Источна конференција: Индијана 31-7 (победи-порази), Мајами 27-11, Торонто 19-18, Атланта 20-19, Вашингтон 18-19, Чикаго 18-19, Детроит 16-22, Бруклин 16-22,…

Пласман Западна конференција: Сан Антонио, 31-8 (победи-порази), Портланд 29-9, Оклахома 29-10, ЛА Клиперс 27-13, Хјустон 26-15, Голден Стејт 25-15, Феникс 22-16, Далас 23-17,…

]]>

Најчитани вести