Екипата на Атлетико Мадрид не дозволува шампионот Барселона да се одлепи на табелата на Примера. Синоќа во дуелот од 16.коло Атлетико ја совлада Валенсија со 3:0.
Два гола постигна Диего Кошта (еден од пенал), а еден Раул Гарсија. Сите голови беа постигнати во вториот дел, а Кошта не реализираше еден пенал.
На другите натпревари од 16.коло беа постигнати следниве резултати: Барселона – Виљареал 2:1, Малага – Хетафе 1:0, Алмерија – Еспањол 0:0, Реал Сосиедад – Бетис 5:1, Севиља – Атлетик Билбао 1:1, Осасуна – Реал Мадрид 2:2, Леванте – Елче 2:1 и Рајо Ваљекано – Гранада 0:2.
Вечерва се игра последниот натпревар од оваа рунда Ваљадолид – Селта.
Табела: Барселона 43 бодови, Атлетико Мадрид 43, Реал Мадрид 38, Атлетик Билбао 30, Виљареал 28, Реал Сосиедад 26,


