(АУДИО) Груевски начекал парцели за „џабалак“

Секоја прес конференција досега од проектот Вистината за Македонија откри по едно лице на Никола Груевски, што тој со сите сили се обидувал да го држи покриено пред јавноста, истакна денеска Зоран Заев, претседателот на СДСМ.

– Денеска ќе видите колку овој човек, Никола Груевски бил нечесен. Колку бил користољубив – рече Заев – што правел, во што `се вовлекувал, лично тој, кога биле во прашање неговите сопствени интереси.

Во телефонски разговор помеѓу Груевски и Миле Јанакиески, премиерот му вика на министерот дека пронашол за џабе одредени парцели.

Најнови вести

Најново од Македонија, Топ Вести

Најчитани вести