Братучедите масовно прислушувале, неовластено за лични цели, за воспоставување целосна контрола врз се во државата преку штоо се одржуваат на власт – изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев на денешната прес конференција на која ја објави петтата „бомба“.
-Суровоста и одмаздничкиот порив да ги сотре сите кои не мислат како него. Таков беше случајот со затворањето на Велија Рамковски и згаснувањето на А1 телевизија веднаш после изборите, додека политичката одмазда кон Фијат Цаноски ја манифестира со рушење на милионската инвестиција „Космос“. Политичката одмазда лично тој ја контролира, лично нарачува менување на урбанистички планови, влијание во судството и медиумската сензација – рече Заев.


