Туристички автобус од Бугарија целосно изгоре на влезот на Капнофитос, во Серес, објави грчката телевизија ЕРТ.
Причините за пожарот се непознати, а возачот веднаш го запрел возилото и ја известил противпожарната служба. Патниците со автобусот се упатиле кон пештерата Вознесение во Ахладохори, каде што се одржуваат верска прослава на празникот Вознесение Господово. Тие безбедно се симнале од автобусот.
Петмина пожарникари со две противпожарни возила веднаш интервернирале и го изгаснале пожарот.
Извор: 24info.mk


