Автомобил падна во Вардар кај Челопек – во тек е акција за извлекување на возилото

Автомобил падна во реката Вардар во близина се тетовското село Челопек, пренесува ТВ 21.

Според првичните информации на ТВ 21, на терен се спасувачките екипи, кои имаат акција за извлекување на возилото од реката.

Не е познато како автомобилот излетал од патот и паднал во реката.

Полицијата врши увид на местото на настанот.

Засега, како што пренесува телевизијата, нема информации ниту за повредени.

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести