Азар во летниот преоден рок ќе го засили ПСЖ

Белгискиот фудбалски репрезентативец Еден Азар во текот на летниот преоден рок ќе го напушти Челзи и ќе премине во Пари Сен-Жермен, пишува францускиот весник „Ле Паризиен“.

Весникот се повикува на изјава на клупски колега од Челзи на кого не му го открива името. Наводно 23-годишниот Азар на својот соиграч му изјавил дека сигурно заминува во Париз.

– Јас дефинитивно одам во ПСЖ. Тоа ќе се случи на крајот на сезонава, односно во летниот преоден рок, рекол Азар пред Божикните празници.

Се шпекулира со сума од 50-60 милиони евра за овој трансфер.

Еден Азар во Челзи дојде од Лил како големо засилување. Тој е најплатениот играч во Премиер лигата со 185 илјади фунти неделна плата.

]]>

Најчитани вести