Делегација предводена од Азески ја посети акредитираната лабораторија на компанијата „Макпетрол“ која постои 15 години и во која се вложени 2,3 милиони евра.
– Во новата стратегија на Комората најзначајно место ќе имаат токму институциите што имаат највисоки професионални стандарди, што инвестираат во напредни технологии и создаваат производи со додадена вредност со што ја зголемуваат конкурентноста на македонската економија. Бизнисот успеа да опстои и она што им е сега потребно на фирмите е силен импут. Затоа преку директните средби во објектите ги гледаме нивните потреби, но и барањето во кој правец ќе одиме, а ќе одиме во правец на отворање инвестициска активност за создавање производи со додадена вредност, констатира Азески.
Претседателот на Управниот одбор на „Макпетрол“ Скопје Андреја Јосифовски ги запозна присутните со капацитетот и моќта на акредитираната лабораторија за анализа на течни горива. Првичната акредитација, како што рече, е од Британското акредитивно тело и работи согласно стандардот ISO/IEC 17025, секогаш има арбитражен примерок во случај на спор и овозможува целосна тајност, независност и доверливост во постапката.
-Лоцирана во најголемиот склад на „Макпетрол“ во општина Илинден, првично акредитирана од Британското акредитивно тело, а подоцна и од страна на домашната служба за акредитација на вакви лаборатории, работи по сите стандарди и е опремена на највисоко ниво, а се правата анализи и на био горивото. Контролите се вршат освен за сопствените производи и за надворешни партнери, а пред се висок рејтинг има за контрола на квалитетот на горивата во земјите од регионот, но и за домашните институции по доставени примероци од пазарната инспекција. Лабораторијата има воспоставена соработка и со меѓународни лаборатории, и со нафтени компании кои го контролираат квалитетот на своето гориво во лабораторијата, посочи Јосифовски.
Азески наредната недела ќе ја посети и акредитираната лабораторија во „Окта“ АД Скопје. Минатиот месец тој реализираше средби и со менаџерските тимови на Раде Кончар ТЕП и Сервис, Раде Кончар контактори и релеи, во фабриката Актива, Градежниот институт Македонија, Факултетот за информатичка технологија Финки,…
МИА
]]>


