Што нè чека во 2014 година наводно знаелa Баба Ванѓа, легендарната Бугарка, која го предвиде нападот на 11 септември во Њујорк, смртта на принцезата Дијана, па и сопствената смрт во 1996 година.
Нејзините до сега непознати пророштва овие денови ги објави рускиото радио Украина кои наводно ги собрал Анатолиј Лубченко, кој со неа разговарал непосредно пред нејзината смрт.
Првата голема работа која ќе и се случи на светот во наредната година е голема поплава која стигнува на пролет.
Поплавата, најавила Ванѓа, ќе предизвика „река на трупови“, а многумина сметаат дека станува збор за поплави кои ќе се случат после стопувањето на големите количини на снег.
Ванѓа потоа видела нова болест која ќе биде поголема од сидата, а најмногу ќе ги погоди мажите.
Не се познати кои делови на земјата таа болест ќе ги зафати, но, како што најавила Ванѓа „луѓето ќе бидат покриени со чиреви и ќе им отпаѓа кожата“


