Бабовски и Илиевски кај Александар од Олевени на кого му изгоре фармата: Тука сме да помогнеме!

Александар и Емилија Лазаревски од битолското село Олевени  се млад брачен пар кој веднаш по стапувањето  во брак, пред 5 години  основале своја мини свињарска фарма.

Започнале со само неколку мали прасиња, и до неодамна достигнаа до околу осудумдесет грла. Работеа со мерак и беа оптимисти и задоволни од тоа како се развиваат, се до скоро, кога им се случи пожар и за миг ја изгубија фармата.

После првичниот шок од несреќата, Александар се соочува со реалноста и бара решение како да продолжи. Веќе се обратија до Општината Битола за помош, а денеска во посета му беа и првиот човек на Платежната Агенција, Николче Бабовски заедно со раководителот на подрачната единица на МЗШВ во Битола, Методија Илиевски.

-Грижата за земјоделците ја покажуваме и тогаш кога им е најтешко. Во село Олевени пред неколку дена во пожар настрада семејната фарма на Александар. Денес, заедно со директорот на агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството го посетивме и им ветивме поддршка – ни изјави Илиевски.

Директорот на АФПЗРР, Бабовски изрази жалење за несреќата и потенцираше дека Владата е тука да помогне преку мерките кои се носат и повиците за ИПАРД кои се наменети за развој на сточарството како важна земјоделска гранка.


]]>

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести