Баерн и Манчестер Сити осминафиналисти во Лигата на шампионите

Екипите на Баерн Минхен и на Манчестер Сити се првите кои обезбедија пласман во осминафиналната фаза од фудбалската Лига на шампиони. И двете екипи синоќа во рамките на 4.коло славеа победи, а првата шанса за обезбедување учество во следната фаза уште по оваа рунда не ја искористија ПСЖ и Реал Мадрид.

Во дербито на вечерта италијанскиот шампион Јувентус на свој терен одигра нерешено со Реал Мадрид и остана со шанса за осминафинале.

Резултати на синоќа одиграните натпревари од 4.коло во ЛШ и табели во групите А, Б, Ц и Д.

А група: Шахтјор – Баер Леверкузен 0:0, Сосиедад – Манчестер Јунајтед 0:0.
Табела: Манчестер Јунајтед 8 бодови, Баер Леверкузен 7, Шахтјор 5, Сосиедад 1.

Б група: Копенхаген – Галатасарај 1:0, Јувентус – Реал Мадрид 2:2.
Табела: Реал Мадрид 10 бодови, Копенхаген 4, Галатасарај 4, Јуветус 3.

Ц група: Пари Сен-Жермен – Андерлехт 1:1, Олимпијакос – Бенфика 1:0.
Табела: ПСЖ 10 бодови, Олимпијакос 7, Бенфика 5, Андерлехт 1.

Д група: Манчетсер Сити – ЦСКА Москва 5:2, Викторија Плзењ – Баерн Минхен 0:1.
Табела: Баерн Минхен 12 бодови, Манчетсер Сити 9, ЦСКА Москва 3, Викторија 0.

Најчитани вести