Баерн со пресврт до три бода во Штутгарт

Во одложениот натпревар од 17.коло од Бундес лигата поради настапот на европскиот првак Баерн Минхен на Светското клупско првенство, синоќа Баварците го победија Штутгарт со 2:1, иако до 15-ина минути пред крајот губеа.

Ведад Ибишевиќ донесе водство за домаќините во 29.минута, изедначи Клаудио Пизаро во 76.минута, а победата и трите бода на Баерн му ги донесе Тиаго Алкантара со голот во третата минута од судиското надополнување.

Ова за Баерн Минхен беше 16.та победа на 18 одиграни натпревари во шампионатот и со 50 бодови е на првата позиција, додека Штутгарт со 19 бодови остана на 12.место.

]]>

Најчитани вести