Бардал скокна најдалеку во Закопане

Норвешкиот ски-скокач Андреас Бардал е победник на денешното натпреварување во полскиот град Закопане. Второто место му припадна на Петер Превц (Словенија) додека трет беше Рајхард Фрајтаг (Германија). Лошите временски услови кои ги одбележаа денешните скокови придонесоа наместо планираните две, да се одржи само една серија. Бардал оствари скок од 131,5 метри и 127 бодови, Превц имаше скок од 124,5 метри и 124,7 бодови, додека третопласираниот скокна 129 метри и собра 122,1 бод. Лидер во Генералниот пласман, полскиот скокач Камил Штох со 721 бод, пред Грегор Шлиренцауер (Австрија) со 670 и Превц со 632 бода. Следниот викенд ски-скокачите ќе се натпреваруваат во Сапоро, Јапонија.

]]>

Најчитани вести