Барселона обезбеди пласман во ТОП 16 од ракометната ЛШ

Со денешната победа над белорускиот претставник Динамо Минск, шпанскиот гигант Барселона обезбеди пласман во следната фаза од ракометната Лига на шампиони.

Македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров беше во почетната седморка и постигна два погодоци во победата на Каталонците од 35:25.

Вечерва од 18 часот се игра вториот дуел од 6.коло во групата Ц. Во Париз, ПСЖ го пречекува Тун.

Дербито на колото во оваа група се игра утре во Скопје кога се среќаваат македонските претставници Бардар и Металург.

Табела: Барселона 11 бодови (6 натпревари), Вардар 6 (5), Металург 6 (5), ПСЖ 5 (5), Динамо Минск 4 (6) и Тун 0 (5).

Најчитани вести