Барселона славеше во Атина

Дерби натпреварот од 3.коло во кошаркарската Евролига му припадна на Барселона која синоќа славеше среде Атина со 81:72. Со овој триум Каталонците го задржаа максималниот ефект во ТОП 16 фазата, додека бранителот на трофејот претрпува втор пораз во низа. Дригите три средби од 3.коло во Е група се играат денес: Уникаха – Фенербахче Улкер, Армани Милано – Лаборал и Панатинаикос – Анадолу Ефес. Табела Е група: Барселона 3-0 (победи-порази), Панатинаикос 2-0, Армани 1-1, Лаборал 1-1, Уникаха 1-1, Олимпијакос 1-2, Фенербахче 0-2, Анадолу 0-2. Во двата вчерашни натпревара од Ф групата победа остварија гостинските екипи: Жалгирис – Макаби 78:87 и Галатасарај – Локомотив Кубан 62:63. Во средата Реал Мадрид – Баерн Минхен 111:87. Денес играат Партизан – ЦСКА Москва. Табела Ф група: Реал Мадрид 3-0 (победи-порази), Макаби 3-0, ЦСКА Москва 2-0, Баерн Минхен 2-1, Локомотив Кубан 1-2, Партизан 0-2, Галатасарај 0-3 и Жалгирис 0-3.

]]>

Најчитани вести