Велшкиот интернационалец Герет Бејл кој беше ѕвезда во летниот преоден рок и за кого Реал Мадрид плати оштета од околу 100 милиони евра, тврди дека од натпревар во натпревар ќе игра се подобро.
– Најдоброто од мене допрва доаѓа. Само прашање на време беше кога ќе се вратам во форма. Сега играм многу подобро отколку на почетокот, но се уште сум далеку од врвната форма. Како и да е сега сите се уверија дека можам да играм во Реал, а голови од мене ќе има уште многу, изјави Бејл.
Тој е задоволен од соработката со Кристијано Роналдо за кого рече дека е врвен фудбалер.
– Роналдо е фантастичен. Постигнува “хет-трик“ речиси секоја седмица и голема е честа да се игра со него, истакнува Бејл во изјавата за шпанските медиуми.
Бејл сезонава одигра седум натпревари за „Кралскиот клуб“ и постигна три погодока.


