Белгиски војници засега нема да бидат испратени на Гренланд, соопшти денеска Министерството за одбрана на Белгија по најавата за почеток на европската воена мисија на овој дански остров.
– Досега не сме добиле никакви барања за учество од НАТО, ЕУ или билатерално – се наведува во соопштението на Министерството.
Во него се додава дека доколку такво барање сепак биде упатено до Белгија, Министерството за одбрана, заедно со владата, ќе „испита што може да направи“.


