Советот за национална безбедност на Србија денеска одржа седница на која се разговараше за состојбите во регионот и Украина, а ја водеше претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Како што објавија српските медиуми, Белград нема да каже својот став денес, а нова седница е закажана за утре.
На седницата присуствувале премиерката Ана Брнабиќ, министрите за одбрана и полиција, Небојша Стефановиќ и Александар Вулин, министерката за правда Маја Поповиќ, директорот на БИА, Братислав Гашиќ, претставници на Војската на Србија, а во 15 часот ќе се одржи и седница на Владата на Србија на која ќе се обрати и Вучиќ.


