Беретини против Надал во полуфиналето на АО

Седмиот носител, Италијанецот Матео Беретини, за прв пат се пласираше во полуфиналето на Австралија Опен (АО), совладувајќи го денеска во четвртфиналето Французинот Гаел Монфис со 6-4, 6-4, 3-6, 3-6, 6-2 по три часа и 52 минути игра.

Со триумфот, Беретини го продолжи максималниот ефект против Момфис во нивната трета меѓусебна пресметка и обезбеди полуфинален дуел против Рафаел Надал.

Шпанецот претходно се пласираше во полуфиналето на грен – слем турнирот во Мелбурн, откако во четвртфиналето по четири часа и 10 минути тенис го совлада Канаѓанецот Денис Шаповалов.

Беретини и Надал досега само еднаш играа меѓусебе, кога шпанскиот тенисер беше поуспешен во полуфиналето на Ју Ес Опен во 2019 година.

MИА

]]>

Најчитани вести