Поранешниот фудбалер на Бетис и аргентински репрезентативец Габриел Калдерон е назначен за нов тренер на клубот од Севиља, кој вчера му врачи отказ на Хуан Карлос Гаридо кој на тренерската позиција помина нешто повеќе од еден месец. Ова е трета тренерска смена во оваа екипа од почетокот на првенството.
Аргентинскиот стручњак според договорот ќе го предводи Бетис до крајот на сезоната.
– Посакував да работам во Бетис. Сонував за тренерското место во овој клуб. Немав одреден датум, но кога се укажа ваква можност дојдов трчајќи, изјави новиот тренер на последно пласираниот тим во Примера Дивизија.
53-годишниот Калдерон во својата тренерска кариера главно работел во арапските земји, а во Европа бил тренер на Каен и на Лозана. Последен ангажман му бил на селекторската позиција во Бахреин.
]]>


