Последниот натпревар од 15. коло во италијанското првенство одигран синоќа меѓу Интер и Парма во Милано заврши без победник 3:3.
Во текот на натпреварот и двете екипи имаа водство. Гостите од Парма водеа со 1:0 и 2:1, а домашните со 3:2, но сепак на крајот и двете екипи освоија по еден бод. Головите за Интер ги постигнаа: Родриго Паласио (44. минута и 54. минута) и Фреди Гуарин (54. минута), додека за Парма стрелци беа: Никола Сансоне (11. минута и 59. минута) и Марко Пароло (45. минута).
Резултати на другите натпревари од 15. рунда: Каљари – Џенова 2:1, Рома – Фиорентина 2:1, Сампдорија – Катанија 2:0, Сасуоло – Киево 0:1, Торино – Лацио 1:0, Верона – Аталанта 2:1, Наполи – Удинезе 3:3, Ливорно – Милан 2:2 и Болоња – Јувентус 0:2.
Табела: Јувентус 40 бодови, Рома 37, Наполи 32, Интер 28, Фиорентина 27,Верона 25,


