Без струја утре дел од општините Аеродром и Студеничани

Без електрична енергија утре од  9:00 до 12:00 часот ќе бидат дел од корисниците од викенд населбата Морани во општина Студеничани.

Во периодот од 9:00 до 13:00 часот утре без струја ќе бидат дел од корисниците од улиците „Архитект Сатор Томовски“, „Ѓорѓе Андреевиќ – Кун“ број 26 и „Ѓуро Малешевец“ во Општина Аеродром.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекините се поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа во Град Скопје.

МИА

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести