БИБЛ лига: Куманово гостува во Крајова

По речиси едномесечна пауза, кошаркарите на Куманово попладнево го продолжуваат својот настап во регионалната Балканска лига (БИБЛ). Кумановци во рамките од 9.коло на БИБЛ лигата гостуваат во Романија на мегдан кај екипата Крајова.

Македонскиот претставник е лидер на табелата во БИБЛ конкуренцијата, а по осум одиграни натпревари има учинок од шест победи и два порази. Натпреварот Крајова – Куманово ќе започне во 18 часот.

Денеска се игра и натпреварот меѓу Пеќ и Балкан, а утре на програмата се средбите Левски – Сигал Приштина и Галил Гилбоа – Теодо. Слободен во ова коло е вториот македонскиот претставник тимот на Кожув.

Табела: Куманово 6-2 (победи-порази), Галил Гилбоа 5-2, Сигал Приштина 5-2, Кожув 4-4, Левски 4-3, Крајова 3-5, Балкан 3-3, Пеќ 2-5 и Теодо 1-7.

]]>

Најчитани вести