Бил силен како 130 атомски бомби: Сеизмолог го снимил звукот на разорниот земјотрес

Сеизмологот од Универзитетот во Коџаели, Хамдула Ливаоглу го снимил звукот на разорниот земјотрес што ги погоди Турција и Сирија ноќта меѓу неделата и понеделникот.

Човечкото уво не може да слушне фреквенции помали од 20 Hz. Фреквенциите на звукот на земјотресите се типично помали од 20 Hz, па и тие се недостапни на нашите уши.

За да се претвори земјотресот во звук, брзините на звукот на земјотресите што ги снимат сеизмометрите се зголемуваат во зависност од периодот на земање примероци и сеизмограмот се компресира. Така, фреквентната содржина е подигната до праговите што може да ги слушне човечкото уво – објасни Ливаоглу.

Како што соопшти турскиот геофизички инженер Овгун Ахмет Ерџан, моќта на земјотресот што се случи во Кахраманмарас бил како да пукнале 130 атомски бомби.

Најчитани вести