Инфлацијата до крајот на годината мислам дека ќе стигне последниот месец приближно на пониско од 6% но сумарно за цела година ја останувам оптимист на проекциите ќе се движи некаде околу 8,9%, кажа вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во интервју за Блумберг.
-Мерките од фискалната политика, преземени од страна на владата сметам дека само помогнавме да кохерентноста на двете политики да дадат навистина резулати. Тоа што го имавме најавено, дека втората половина на 2023 ќе ја дочекаме со 1-цифрена стапка на инфлација го постигнвме и сметам дека треба заеднички да продолжиме во таков начин на следење на следните чекори за да конечно во 2024 година се вратиме на нормалното функционирање, кажа Битиќи.
Според него кохерентно се настапува и со монетарната и со фискалната политика.
-Навистина ме редува што централната банка со сите преземени мерки во затегнување на монетарната политика и те како придонесе во намалување на инфлацијата и мислам дека тоа беше една од целите зошто тоа се прави, истакна Битиќи.


