Тој рече дека договорот за минималната плата на економско-социјалниот совет бил за да им се даде на работниците тоа што го заслужуваат.
„Се договоривме дека 18 илјади денари, бидејќи тоа е праведно, правично и солидарно. Исто така и усогласувањето ќе оди според членот 8, каде што има рок за усогласување на платите од шест месеци. Никој не бега од тоа, ниту еден владин функционер не вика дека тоа нема да се направи“ рече Битиќи.
Сепак тој потсети дека по постигнувањето на договорот, ситуацијата во светот се промени драстично со почетокот на војната во Украина.
„Новите кризи и ситуација бараат прилагодување, но остануваме на се што се договоривме. Зачудувачки е за нас што пред еден месец се договоривме, а сега веќе се споменуваат штрајкови“ рече Битиќи.
МИА
]]>


