Владата нема намера да се откаже од солидарниот данок, што сега е во собраниска процедура, а кој треба да го платат 150 компании, изјави за „Блумберг Адрија“ вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи (Fatmir Bytyqi).
„Не сакаме да се навраќаме и да броиме која компанија колку помош земала кога им беше најпотребна, но после четири години кризи и безрезервна поддршка од страна на Владата и граѓаните кон овие компании, сметам дека сега е моментот кога можат да си дозволат еднократно да платат данок кој ќе се искористи за граѓаните“, рече вицепремиерот.


