Битола и Пелагонија останаа без вода! Оставки, толку од муабетот со вас

И така тоа.
Битола, Пелагонија и РЕК на +40 С останаа без вода!

Вистината стварно била како шило.
Кога алармиравме рекоа нема проблем.
Кога алармиравме повторно рекоа дека проблем има ама е незначителен.
Кога повторно алармиравме рекоа дека проблемот е саниран и дека како опозиција единствено сакаме да ќариме некој ефтин политички поен.
Денес се потврди, а битолчани и земјоделците од Пелагонија како и вработените во РЕК се уверија дека проблем има и дека истиот не е за занемарување.
А нас не обвинија дека повторно ловиме ефтини политички поени на временска непогода.
Да Ве потсетам оваа непогода е од Февруари а сега сме крај на Јули за 2 дена почеток на Август.
Единствено нешто што прифаќам се оставки.
Толку од муабетот со вас.

Фејсбук статус на Благојче Котески

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести