Блажевски: Помогнете му на Латас да не стане Штрајхер

 

Го гледам лицето што се одзива на прекарот Латас, кој лажно се претставува во јавноста како новинар и уредник, го гледам и неговиот вечерашен(17.07.2015/19h) медиумски производ, што неточно и лажно се претставува во јавноста како Вести….

Злосторствата што ги врши ова лице со својата пропаганда, кон професијата и штетите што ги нанесува во општеството во целина, се далеку од оние на Јулиус Штрајхер, основачот и уредникот на анти-семитскиот неделник „Штрајхер“, за што, впрочем, беше суден и осуден во 1946 година во Нирнберг од Меѓународниот суд.

Но, сепак, омразата што ја шири и поттикнува со својот говор, преку медиум со национална концесија, е толку голема, што мора да се запре. Во оваа земја постојат надлежни тела за тоа, а се разбира, се уште постојат и соодветни норми во кривичното и во граѓанското законодавство.

Со други зборови, на Латас треба да му се помогне да не стане Штрајхер, а на Македонија, да не стане заложник на говорот на омраза.

Фејсбук статус на Тео Блажевски

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести