Богоев до новинарите од Сител: Кога полицијата упаѓаше во А1 вие раце триевте!

Претседателот на Социјалдемократска младина на Македонија, Стефан Богоев  ја искоментира фотографијата на новинарите од Сител во поддршка на магазинот Шарли Ебдо, чии 10 карикатуристи, уредници и новинари беа убиени во терористичкиот напад вчера.

sitel_poddrska

Претседателот на подмладокот на СДСМ им порача на новинарите дека се лицемерни.

– Кога полицијата кршеше, апсеше и упаѓаше во А1, вие раце триевте и допринесувавте со вашата пропаганда за докрајчување на 4 медиуми! Безброј пати криевте убиства и тепачки, како случајот со Мартин Нешковски. Незнам дали е смешно или трагично што сега сте наводно против она што се случи во Париз и сочувствувате!? Различна е формата ама иста е суштината!-  напиша Богоев.

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести