Богоев: Со потпишувањето на Протоколот се завршуваат и последните подготовки за воведување на one-stop-shop на овој граничен премин

Денес на граничниот премин Ќафасан – Ќафтане со директорот на албанската Царинска управа, Генти Гажели, го потпишавме последниот Протокол за спроведување на Договорот за воспоставување на заеднички граничен премин меѓу двете земји. 🇲🇰🤝🇦🇱

Со потпишувањето на Протоколот се завршуваат и последните подготовки за воведување на one-stop-shop на овој граничен премин, со цел спроведување на поефикасни и олеснети гранични формалности, односно поквалитетни услуги и побрз проток на стоки и патници, објави директорот на Царинската управа Стефан Богоев на фејсбук.

Најчитани вести