Бојата на крзното открива колку долго ќе живее вашето куче! Обрнете посебно внимание, овие кучиња се изложени на ризик

Истражувањата покажаа дека бојата на крзното на кучето влијае на неговиот животен век. Научниците од Универзитетот во Сиднеј спроведоа истражување на повеќе од 3.000 кучиња од различни раси и бои на крзно и дојдоа до интересни резултати. Иако сите кучиња даваат безусловна љубов и брзо стануваат членови на семејството, нивниот животен век варира и може да биде под влијание на бојата на нивното крзно.

Истражувањата покажаа дека кучињата со кафеаво (чоколадно) крзно живеат во просек 10% помалку од кучињата со црно или жолто крзно, кои живеат околу 12 години. Исто така, кафеавите кучиња имаат поголема веројатност да страдаат од инфекции на ушите и проблеми со кожата.

Сепак, научниците нагласуваат дека бојата на крзното не е главниот фактор што влијае на должината на животот, најголемата опасност за кучињата денес е дебелината. Над 8% од тестираните кучиња биле дебели, што значително го зголемува ризикот од срцеви и други сериозни здравствени проблеми, пишува Информер.

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести