Сите сме за тоа народот да одлучи кој да ја води Македонија кон подобра иднина кон ЕУ и НАТО. Но никако не сме да одлучат гласачите од Пустец, Бутел и они со повеќе лични карти. Не сме и за тоа да се одлучува под притисоци и закони од одредени луѓе. Сакаме да одлучуваме на слободни, фер и демократски избори после долго време во Македонија.
Кога ќе дојде тој ден, што сите го чекаме веке 10 години ќе може да се разгледа кој што нуди, дали десните партии нудат она што личи на нив или левите нудат програма што потсетува на лева партија.
Сведоци сме дека веќе месец дена СДСМ ја промовира својата платформа ширум Македонија, ја промовира Визијата за Македонија која е токму како што наликува на една лева партија.
СДСМ во својата визија нуди: нови студенски домови, нуди диплома пред партиска книшка за вработување, нуди нови работни места и исти поволности за отварање на нов бизнис исто како до сега што го имаа странците. Ни нуди иднина на нас младите тука во Македонија, а не надвор од неа.
Во Визијата за Македонија полицијата ќе им служи на граѓаните, нема повеќе да бидат партиски послушници.
СДСМ има визија за нови автопатишта, нови регионални патишта, СДСМ има визија за Македонија без кал.
СДСМ има визија за навремени субвениции за правите земјоделци, за социјална пензија…
СДСМ во својата визија зборува за враќање на општеството кое е сега киднапирано од мала група, воведување на праведна распределба на доходот и богатството, отворање на работни места, изградба на нашето општество по европски терк и Македонија да биде внатрешно стабилна.
Исто така кај и да е власта во заминување ќе објави некоја своја програма, таму ќе има напишани проекти кои реални кои нереални но тоа и не толку важно само едно знајте тие проекти се за нивно богатење преко провизиите кои тие ги зимаат, како беше онаа “Миле кажи ми во бројки не во проценти”.
Јас едно знам, на наредните први слободни, фер и демораткси избори народот во Македонија ќе бира помегу ВИЗИЈАТА НА СДСМ И ПРОВИЗИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ!
Пишува: Митко Бојмацалиев


