(ВИДЕО)Орцев: Болеста ги пустоши фармите, веднаш да се обештетат сточарите!

Изјава на пратеникот и претседател на собраниската комисија за земјоделство, шумартсво и водостопанство Панче Орцев:

-Веќе еден месец трае агонијата на сточарите кои маки мачат со болеста „јазлеста кожа“ кај добитокот. Непрофесионалноста и незаинтересираноста на институциите на државата се закануваат сериозно да го уништат добиточниот фонд во Република Македонија како и млекопроизводството. Еве се наоѓаме во селото Висока Маaла каде што секојдневно умираат говеда по шталите и каде што се носат на кланица. Како што е најавено за утре ќе бидат одземени над 120 говеда и ќе бидат однесени во кланица и ќе бидат убиени.

pance2
Болеста опасно се шири и во останатите региони во државата. Се затвораат фарми, плачат сточари чија што основна егзистенција им е одгледувањето на добиток. Агенцијата за храна и ветеринарство ситуацијата ја смирува со декларативни заложби и лаги дека вакцините ќе бидат набавени до 20 мај. Лажат, бидејќи 20 мај помина, а вакцините се уште ги нема.

kravi4
Поради неспособноста и аматеризмот на одговорните лица во Министерството за земјоделство и Агенцијата за храна и ветеринарство, не се планирани, ниту денар во буџетот на Република Македонија за вакви проблематични кризни ситуации. Според последните изјави на директорот на Агенцијата, најоптимистичките најави се дека вакцините ќе пристигнат во почетокот на јуни, и ако пресметаме еден месец за вакцинирање на говедата, три недели за стекнување на имунитет, сточарите треба да чекаат до почетокот на август.

pance9
Затоа, бараме Владата веднаш да ги обесштети сточарите и да ги плати говедата така како што треба, со записници кои што ќе одговараат на реалните состојби и договорите меѓу сточарите и одговорните лица, инспекторите од Владата и Агенцијата за храна и ветеринарство. Да бидат обезбедени средства за покривање на сите загуби и да бидат обезбедени средства за загубите од падот на цената на млекото.

kravi3
Млечната криза веќе е очекувана, бараме сериозност од институциите во справувањето со болест „јазлеста кожа“ додека се уште може да се спаси нешто и да им се помогне пред се на сточарите. поради неможноста млекарниците да направат извоз на млеко и млечни производи во трети земји. Млечната криза веќе е очекувана. Бараме сериозност од институциите во справувањето со болеста „јазлеста кожа“ додека сеуште може да се спаси нешто и да им се помогне на сточарите.
Хаосот во земјоделството и сточарството што го направи оваа Влада тешко се поправа и затоа таа  треба да одговара за состојбата во која денес се наоѓаат земјоделците и сточарите.


pance3 pance4 pance5 pance6 pance7 pance8

Најнови вести

Најново од Агро Бриф, Ударни вести

Најчитани вести