Екипата на Болоња синоќа ја победи Аталанта и се пласираше во полуфиналето на фудбалскиот Куп на Италија. Натпреварот се одигра на стадионот „Атлети Азури д’Италија“ во Бергамо и заврши 1:0 за гостинскиот тим.
Стрелец на единствениот гол беше Сантијаго Кастро во 80. минута.
Следниот противник на Болоња ќе биде одреден по натпреварот Јувентус против Емполи.
Другите две четвртфинални двојки се:
Милан – Рома и
Лацио – Интер.
МИА


