Екипата на Борусија Дортмунд по серијата од шест натпревари без победа синоќа конечно успеа да постигне триумф во Бундес лигата.
На гостувањето кај Браушвајнг „милионерите“ победија со 2:1, а стрелец на двата гола беше Пиер Обамејанг во 31 и 65.минута.
Голот за домашната екипа го постигна Бенџамин Кесел во 54.минута.
Денеска се играат натпреварите: Аугсбург – Вердер, Хофенхајм – Хамбургер, Баер Леверкузен – Штутгарт, Мајнц – Фрајбург, Шалке – Волфсбург и Хановер – Борусија Менхенгладбах. 19.то коло ќе биде комплетирано со утрешните два натпревара: Херта – Нирнберг и Баерн – Ајнтрахт Франкфурт.
Табела: Баерн 50 бодови, Баер Леверкузен 37, Борусија Дортмунд 36, Борусија Менхенгладбах 33, Шалке 31, Волфсбург 30,.
]]>


