Пратеникот од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Zećir Ramčilović, нема легитимитет да се повикува и да зборува во име на бошњачката заедница во државата.
ВМРО -ДПМНЕ изгуби од СДСМ во сите места, ама баш буквално сите, и урбани и рурални места каде што живеат Бошњаците.
Неговото вечерашно гостување на режимската ТВ Нова, каде е очигледно збунет и настапува со површни и извртени тези, е штетно за интересите на бошњачката заедница, но и за мултиетничка Македонија.
Насловот на емисијата на режимската телевизија “Имаат ли Албанците поголеми права од другите малцинства?” најубаво го покажува карактерот на албанофобијата која се сее на овој медиум.
Бошњаците не се малцинство, туку констутивен народ.
Остварувањето на правата на Бошњаците, кои им следуваат според Уставот, не зависат од степенот на остварените права на другите заедници.
Правдата доаѓа, како и животот во заедничка Македонија!
Фејсбук статус на Џељо Хоџиќ


