“Боже земи ме мене, само немој моето дете!”

Чудна симболика ! На вечерта на Оскарите, Груевски кој 11 години по ред добива Оскар за најдобра машка улога на македонската политичка сцена, ја одигра својата најлоша улога до сега! Неприроден, пресметливо емотивен, со прочитана сценографија и лошо научен текст, одигра ролја само за точно определена, наивна група на граѓани во Македонија. Облечен во црно одело, темна кравата, визуелно испрати порака за крајна сериозност и тага, демек се подготвува “погреб” на државата. Во првите 8 минути зборот народ го спомна точно 11 пати, до крајот на “парастосот” точно 13 пати. Повикот народот да не седи пред телевизорот и да не чека некој друг да му ја спасува државата, не беше адресиран до народот туку до рационалните членови на неговата партија на кои им е јасно што се случува.Спремност за саможртвување -“Удри по мене, само немој по државата” покажува крајно патреналистички и посесивен однос спрема државата која ја смета исклучиво за своја сопственост. Исто како кога родителот соочен со опасноста да го изгуби чедото вика, “Боже земи ме мене, само немој моето дете!” Теза, адресирана да допре до поголема таргетна група на граѓаните, длабоко емотивно со цел да предизвика жал и восхит кон неговата спремноста за жртвување за возвишена цел. На крајот -“Благодарам за поканата (кон Цаци од Сител)…..и додава, “И благодарам на сите кои што ме слушаа ( не гледа во камерата, што би било логично кога се обраќаш до сите гледачи)зошто во суштина не се обраќа до сите гледачи туку само до оние кои го слушаат и “голтаат”тоа што тој има да им го каже!

Фејсбук статус на Магдалена Несторовска

nestorovska-magdalena

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести